Поврзете се со нас

Одбојка

Повторно се на врвот: Италија преку Словенија до нова европска круна

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија е нов одбојкарски европски шампион и тоа откако во финалето по голема борба беше подобра од Словенија со 3-2 во сетови (22:25, 25:20, 20:25, 25:20, 15:11).

Финалето во Катовице ги оправда сите очекувања, донесе многу возбудувања, незвесност, пресврти за да на крајот „аѕурите“ бидат тие што слават и повторно се на врвот на европската одбојка и тоа по седми пат во историјата.

Оваа нова генерација на Италијаните покажа карактер, знаење и сосема заслужено дојде до пехарот ако се земе предвид дека на овој турнир ги добија сите девет натпревари.

Словенците пак ќе мора да побараат нова прилика за златот затоа што и во третиот обид не успеаа да дојдат до првото место.

Кога е пак во прашање борбата за бронзата таму домаќинот Полска и одржа лекција на Србија совладувајќи ја со убедливи 3-0 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни