Поврзете се со нас

Англија

Потер го гледа фудбалот на поинаков начин: Играчите се човечки суштества и јас почнувам од таа точка

Објавено

на

Грем Потер потпиша петгодишен договор со Челси и денеска официјално беше презентиран како наследник на Томас Тухел, при што го одработи и првото интервју за клупската телевизија.

Досегашниот менаџер на Брајтон пристигнува во Лондон за да го започне својот најголем предизвик во тренерската кариера, за што е свесен и тој самиот. Потер ја воодушеви англиската јавност со своите резултати во Брајтон и ужива голема почит од јавноста, но јасно е дека сега ќе се соочи и со далеку поголем притисок, бидејќи во Челси најважни се резултатите, а не само добрите претстави.

– Ова е почеток на еден возбудлив период. Новото раководство на Челси ме импресионираше, најпрво зборувам за нив како луѓе. Имаат фантастична визија за клубот. Историјата на клубот говори сама за себе, ние сеа ќе се обидеме да креираме наша на свој начин.

– Ќе се обидам да креирам тим кој ќе се натпреварува, тим кој ќе се почитува себе, кој ќе биде искрен, кој ќе работи заедно. Фудбалските и човечките вредности се многу важни за мене.

– Мора да се сфати дека играчите се човечки суштества и најважно е да се разберете со нив, да воспоставите правилен контакт и после од таа точка да тргнете кон нешто друго. Откако ќе изградиме врска, ќе се обидеме да одиме напред со респект, доверба и искреност. За мене, почетна точка е личноста и односот. Јас имав фудбалска кариера и бев среќен да соработувам со различи личности. Имам доволно добра едукација и се надевам дека искуството ќе го преточам тука, – изјави Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни