Поврзете се со нас

Балкан

Потег за почит: Муслера спречи противникот да се „здрви“ во стативата (ВИДЕО)

Објавено

на

Галатасарај славеше над Бешикаш со 2-1 во големото турско дерби, победа со која дополнително му избега на противникот на табелата, поточно ја продолжи мртвата трка со Фенербахче за врвот, првото место.

Средбата во Истанбул освен три гола донесе и многу нервоза, дуели, жолти и црвени картони, но и еден супер спортски потег кој беше дело на голманот Фернандо Муслера.

Ветеранот имаше една реакција со која ги воодушеви фановите, поточно при истата спречи „залатаниот“ Валентин Росие да се удри во стативата.

Фернандо го турна противничкиот играч што беше доволно дефанзивецот да не заврши во рамката на голот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни