Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу за иднината на Кејн: Разговарав со него…

Објавено

на

foto:twitter.com/SpursOfficial

Ангелос Постекоглу од оваа сезона ќе го води премиерлигашот Тотенхем кој се уште нема јасна слика околу најдобриот играч Хари Кејн.

Тој е под договор со „петлите“ до јуни 2024 што дефинитивно е проблематично за „петлите“ кои можат да останат без никакво обештетување наредната година ако не најдат решение кое одговара на сите страни. Баерн Минхен притиска за Англичанецот, се говори за тоа и дека ПСЖ ќе се вклучи во трката, а пак Тотенхем во исто време се надева дека голгетерот ќе остане.

Сите опции се во игра и тоа го знае менаџерот Постекоглу кој имал искрен разговор со напаѓачот.

-Хари и јас целосно се согласуваме дека сакаме тимот да игра добро оваа година. Кејн е тука и се додека е тука, тој е целосно посветен на она што го правиме, -истакна Анге кој даде краток коментар за изјавата на Улу Хенес дека Хари одлучил да потпише за нив.

-Никој не ми зборувал за Баерн. Ако другите клубови сакаат да зборуваат за нашите играчи под договор, тоа е поголем проблем за нив отколку за нас. Има луѓе кои го познаваат Хари подобро од мене, но ништо нема да го спречи -рече новиот предводник на составот од северен Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни