Поврзете се со нас

Англија

Последните потези ќе донесат резултат: Роналдо ќе остане во Јунајтед!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во изминатиов период вредно работи на трансфер пазарот каде успеа да ги доведе Касемиро од Реал Мадрид и Антони од Ајакс за кого платија 100 милиони евра, потези кои го ставаат клубот во друга позиција, потези кои во клубот се надеваат дека ќе бидат доволни за Кристијано Роналдо да остане во сегашната средина и во оваа кампања.

Португалецот изрази желба да го напушти тимот по минатата кампања, ама тој и неговиот агент Мендеш имаат проблем да пронајдат клуб во кој би играл во Лигата на шампионите. Се споменува многу опции, но ниту една не се реализираше и прашање е дали тоа ќе може сега да се направи во самиот финиш на преодниот рок.

Поради ова Јунајтед верува дека Кристијано на крајот ќе остане и не само затоа тоа што е приморан туку поради акциите на премиерлигашот кој се очекува да го компетира и трансферот на Мартин Дубравка, а од претходно на „Олд Трафорд“ пристигнаа Тајрел Маласија, Кристијан Ериксен и Лисандро Мартинез.

Меѓутоа не треба да е заборави дека напаѓачот не беше стартер на последните две лигашки средби иако менаџерот Ерик Тен Хаг постојано потенцира дека смета на него како значаен дел од тимот.

Остануваат само уште некои ситни часови до крајот на трансфер период, а тие ќе дадат одговор на сите прашања околу иднината на супер ѕвездата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни