Поврзете се со нас

Италија

Португалецот победи на суд: Јувентус ќе мора му исплати сериозна милионска отштета на Роналдо!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо си замина од Јувентус пред три години, но уште кога ја напушти Италија беше јасно дека зад себе остава отворен спор кој на крајот заврши на суд.

Португалската мега ѕвезда беше убедливо најплатена во Серија А и заработуваше околу 20 милиони евра по сезона во Торино, но за време на пандемијата која го зафати цел свет, Јувентус се договори со голем дел од фудбалерите на одложено исплаќање и тоа предизвика голем проблем токму со човекот кој направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Јувентус не му правеше проблем на Роналдо за кам-бек на „Олд Трафорд“, но три години подоцна, ќе мора да исплати уште најмалку 10 милиони евра како обесштетување за неверојатниот голгетер.

Италијанскиот суд денеска пресудил во корист на Роналдо и тој ќе добие половина од сумата која ја барал на самиот старт (19,5 милиони евра), бидејќи било утврдено дека фудбалерот бил оштетен од нелогичното исплаќање на ратите за време на Ковид 19 пандемијата, но истовремено и самиот направил грешка со прифаќање на условите на клубот.

Поради тоа што дел од одговорноста е префрлена и кај Роналдо и неговите претставници, точната сума која ќе мора да ја исплати Јувентус е 9,7 милиони евра, па на тој начин се затвора случајот кој се провлекуваше во судовите во Торино веќе три години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни