Поврзете се со нас

Европски првенства

Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)

Објавено

на

Денеска во Хамбург се одржа ждрепката за Европското првенство кое ќе се игра во Германија наредната година, а за време на извлекувањето, се слушаа звуци кои приредија срам за целиот врв во УЕФА.

Во неколку наврати за време на извлекувањата, официјалните претставници како Давид Силва и Џиџи Буфон беа ставени во навистина непријатна ситуација, бидејќи имињата на селекциите мораа да ги соопштуваат заедно со непристојни звуци од конференцијата.

Порно звуците ги шокираа сите присутни и тоа се повтори во неколку наврати, па во доста неблагодарна ситуација се најде и одговорниот човек на УЕФА за сите најважни извлекувања.

Џорџо Маркети се обидуваше да се справи со непристојните крици, па иако во одреден момент се стивнуваа, истите предизвикаа и насмевки и неверица меѓу претставниците на фудбалските репрезентации.

И покрај се, извлекувањето се доврши до самиот крај, а од истото посебно за одбележување е „групата на смртта“ во која се најдоа Шпанија, Албанија, Хрватска и Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни