Поврзете се со нас

Свет

Поповски промаши само еднаш против Кадетен Шафхаузен, блескаше поранешен играч на Вардар

Објавено

на

Мартин Поповски и неговите соиграчи од Амичитија Цирих не успеаа да направат изненадување во лигашката пресметка против Кадетен Шафхаузен во Швајцарија.

Кадетен Шафхаузен го потврди статусот на фаворит пред своите гледачи и издвојува триумф од пет разлика (33-28). Пресудни беа првите 30 минути во кои домаќинот избори предност од седум голови (18-11), предност која потоа без проблеми ја одбрани, контролираше за осмо славје во шампионатот.

Поповски беше автор на два гола од три обиди, додека прв стрелец во неговиот тим беше Храховец со девет погодоци.

Кај победникот блескаше поранешниот играч на Вардар, Кањелјас со осум голови од десет обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни