Поврзете се со нас

АТП

Поповиќ пред финалето во Мелбурн: Медведев е во предност, шансите се…

Објавено

на

Пред нас е големото финале на Австралија Опен во кое силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Рафаел Надал.

Русинот и Шпанецот најмногу покажаа на турнирот во Мелбурн, па нивниот петти меѓусебен дуел ќе го даде новиот шампион, наследникот на Новак Ѓоковиќ. Сите со нетрпение ја очекуваат оваа битка во која Данил игра за грен слем пехар кој ќе му го донесе првото место на АТП листата, додека пак Рафа за триумф со кој ќе испише нова историја, 21 титула на најголемите турнири со што би ги оставил зад себе Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Во пресрет на овој меч Петар Поповиќ кој е тренер на Андреа Петковиќ даде прогноза за тоа што може да се очекува во Австралија.

-Доста изедначен меч. Зависи и од условите во кои ќе играат. Под покрив типувам на Медведев, а ако се игра на отворено тогаш е 50-50. Така ми изгледа. На брза подлога, Рафа може да го добијат играчи кои имаат добар бекхенд кои се способни да се приближат до линијата, да удрат права топка.  Беретини на пример тоа го нема, има „дупка“ на бекхенд, а Медведев има добар бекхенд. Мислам дека Медведев по ритерн треба да се приближи до линијата и да не дозволи Рафи да го отвори теренот. Можеби дури треба да биде на самата линија.

-Предноста на Надал е секако искуството. На топло време, спиновите на Рафа повеќе отскокнуваат и тоа ќе му помогне да го отвори теренот. Секое финале на грен слем е приказна за себе, но Надал тоа го има поминато повеќепати. Ќе биде многу важно и кој како се чувствува физички, дали закрепнал од претходните натпревари. Мала предност за Медведев 51-49, -заклучи Поповиќ за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни