Поврзете се со нас

Англија

Покетино го избра главниот пеналџија во Челси по караницата на дербито со Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Маурисио Покетино е познат како тренер кој не применува строги правила и им дозволува на фудбалерите да имаат своја слобода на теренот, но сега се почувствува приморан да реагира откако двајца играчи на Челси се караа кој да изведе пенал.

Кол Палмер и Рахим Стерлинг се натегаа за топката на дербито против Арсенал минатиот викенд и тоа јасно стави до знаење дека Покетино нема избрано прв пеналџија во својот тим, но сега на јавноста ѝ призна дека оваа улога отсега ќе му припаѓа на новото засилување.

Палмер прецизно го реализираше ударот од белата точка против Арсенал, а во иднина тој ќе биде прв избор на Челси при секое изведување на најстрога казна, секако кога ќе биде присутен на теренот.

– Имаме неколку играчи во тимот кои добро изведуваат пенали, а во текот на еден меч, се може да зависи од чувството на еден фудбалер. Како стручен штаб ние сакавме да им ја додели одговорноста сами да одлучуваат на теренот.

– Палмер се покажа како добар изведувач во два наврати и нормално е сега тој да продолжи да биде прв избор кога ќе биде на теренот. Кога нема да биде, ќе биде некој од Рахим Стерлинг или Нико Џексон, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни