Поврзете се со нас

Европски првенства

Почеток каков што можеа да посакаат: Италија ја надигра Турција во првиот меч на Европското првенство (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија си симна голем товар од грбот откако славеше убедлива победа од 3:0 против Турција во првиот натпревар од Европското првенство кое се одржува оваа година.

Италијаните беа големи фаворити на оваа средба, но отпорот на Турција го скршија дури во вториот дел кога Мерих Демирал си постигна автогол во 53. минута. Дотогаш турските фудбалери играа одлично во одбраната, но од тогаш буквално се распаднаа и Италија доминираше на теренот.

Тоа резултираше со нови два гола на „азурите“ постигнати од Чиро Имобиле во 66. минута и Лоренцо Инсиње во 79. минута.

Мрежата на италијанската репрезентација уште еднаш остана недопрена што значи дека девет натпревари немаат примено погодок. Со победата пак Италија ја продолжи импресивната серија од 28 натпревари по ред на кои не ја почувствувале горчината на поразот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни