Олимписки игри
По 28 години на чело на МОК: Тупурковски се повлече, Димевски избран за нов претседател
Познатиот кошаркарски работник Даниел Димевски на вечерашнoто изборно собрание во Скопје беше избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет.
Д-р Васил Тупурковски беше на чело на МОК од неговото основање и се до денес, кога објави дека се повлекува од функцијата.
Единствен против-кандидат на Даниел Димевски беше атлетичарката Александра Војнеска – Зикова, но иако нејзината кандидатура првично била прифатена, подоцна била одбиена со образложение дека не го усполнува условот да има претходно искуство од раководење со спортска федерација во времетраење од четири години.
Димевски (51) е дипломиран економист, кој магистрирал на Отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија при Правниот факултет во Скопје.
Тој имаше успешна кариера како спортски работник, почнувајќи како претседател на КК Работнички од 1996 до 2001 година, при што клубот освои четири титули. Од 2005 до 2015 година беше на чело на Македонската кошаркарска федерација и ја предводеше „ѕвездената генерација“ со Антиќ, Гечевски, Илиевски, Меккејлеб и останатите легендарни македонски кошаркари до четвртото место на ЕП во кошарка кое се играше во Литванија во 2011 година.
Во неговите меѓународни ангажмани се запишани учеството како Претседател на натпреварувачката комисија на ФИБА Европа со мандат од четири години (2010-2014), а потоа беше и кандидат за Претседател на ФИБА Европа, кога во последниот круг загуби од актуелниот претседател. Во МОК е член од 2012 година како дел од УО, а од 2017 година е Советник за спорт на премиерот, при што има големи заслуги за воведување на ваучерскиот систем за финансиска поддршка на спортот.
Даниел Димевски освен спортските титули исто така е носител на Златен медал (орден) за заслуги за Македонија, кој му е доделен од Претседателот Ѓорѓе Иванов за промоција на државата во областа на спортот.
-
Лига на шампионипред 17 часа
Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола има одлучено кој клуб ќе го води наредната сезона
-
Лига на шампионипред 7 часа
ПСЖ залудно доминираше, Дортмунд е прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)
-
Германијапред 22 часа
Милер: Само една работа ќе одлучува за наша победа на „Бернабеу“
-
Евролигапред 8 часа
Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Фудбалска бравура од Шпанија: Дали ова е најдобро изведениот пенал во историјата? (Видео)
-
НБАпред 21 час
Бесниот Мелоун влета на теренот и тргна да се пресметува со судијата, Јокиќ и соиграчите добија кошаркарска лекција од Минесота (Видео)
-
Англијапред 21 час
Карагер му пресуди на најтрофејниот играч во Јунајтед: Време е да оди во МЛС или Саудиска Арабија!