Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ: Јашароски донесе прва радост за Воска, Велкоски го реши скопското дерби

Објавено

на

Воска Спорт го доби директниот дуел со Вардар (3:2) на две екипи кои досега немаа победа во актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига, додека капитенот Велкоски му донесе победа на Работнички во скопското дерби со Македонија Ѓорче Петров.

Јашаровски беше херој на домашниот тим со хет-трикот против Вардар, со кој Воска Спорт поведе со 3:0, а вардарци во продолжение успеаја само да ја намалат негативата.

Глишиќ и Цветаноски погодија за гостите, но недоволно барем за бод, по што Вардар е без бодови по три одиграни рунди во ПМФЛ.

Велкоски реализираше мајсторски од слободен удар и му донесе победа на Работнички над Македонија Ѓ.П во скопската пресметка играна во населбата Маџари, додека Брегалница стигна до втор триумф, победувајќи го Гостивар со 2:1 на домашен терен.

Шкупи и Силекс ремизираа со резултат 1:1, додека Шкендија му го расипа перфектниот учинок на Тиквеш, совладувајќи ги кавадарчани на гостински терен со 1:2.

Стрелци на головите за тетовци беа Чинари и Елези, додека за Тиквеш реализираше Мојсов.

На врвот на табелата сега има пет екипи со по шест бода, но АП Брера и Шкендија имаат натпревар помалку во однос на Тиквеш, Работнички и Брегалница. Вардар и Гостивар се единствените екипи без освоен бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни