Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ: Без голови и две исклучувања на пресметката во Автокоманда

Објавено

на

Скопје и Брегалница играа премногу внимателно и очекуван беше таков пристап на натперварот од 8-то коло во Првата македонската фудбалска лига, пресметка која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат.

Борбената игра и жртвувањето за секоја топка не донесе премногу атракции на „Железарница“, па мрежите мируваа и не видовме ниту еден гол, но затоа две исклучувања.

Шанси не изостануваа и двата тима можеа да постигнат гол кој сигурно ќе беше клучен за победа, но ако Брегалница беше подобра на стартот на вториот дел, Скопје пропушти прилико во првите 45 минути.

Од второто полувреме, за издвојување се и двата црвени картони кои беа покажани, прво оној на Даниел Мојсов во 68-та минута, а потоа и оној за домаќините на Баже Тодоровски.

Со десет играчи на теренот во двата тима, Брегалница беше онаа која се обиде да дојде до трите бода, но сепак немаше промена на резултатот и дојде до поделба на бодовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни