Поврзете се со нас

Боречки спортови

Плоштадот во Скопје дом на Регионалната бокс лига: Црвена Звезда и Лозница во финалето

Објавено

на

На градскиот плоштад во Скопје овие денови се одржува Регионалната бокс лига која утре ќе го има својот финиш.

Во текот на денешниот ден на програмата беа борбите од полуфиналето во кои се сретнаа клубови од Србија и Босна и Херцеговина.

Финалисти кои утре со почеток од 20:00 часот ќе ги судрат ракавиците на плоштадот „Македонија“ се Црвена Звезда и Лозница.

Црвена Звезда беше убедлива в борбите против Железничар и славеше со 18:4, додека боксерите на Лозница до финалето стигнаа откако беа поуспешни од Витези со 12:10 во борби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни