Поврзете се со нас

Лига Европа

Пиоли: Разочаран сум, не заслуживме да испаднеме

Објавено

на

Милан доживеа пораз од Манчестер Јунајтед од 1-0, а со тоа и елиминација од Лигата на Европа со оглед на тоа што првата средба на „Олд Трафорд“ заврши без победник 1-1.

Резервистот Пол Погба се покажа како човек на одлука и тоа по една неспретна интервенција на домашните играчи на стартот на второто полувреме, ситуација по која „росонерите“ не успеаа да се вратат.

Тренерот Стефано Пиоли е разоран поради ваквиот епилог од проста причина што смета дека тие како тим се покажале во подобро издание.

-По прикажаното во двата натпревари не заслуживме да бидеме елиминирани. Елиминацијата ме разочара бидејќи во дуелот покажавме дека сме одлична екипа, требаше да постигнеме гол во првото полувреме на реваншот. Штета, толку многу направивме за да стигнеме овде. Екипата заслужи да продолжи, но моравме да дадеме малку повеќе, -рече Пиоли и додаде:

-Станува збор за Манчестер Јунајтед, тим кој минатата сезона се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа, оваа година беше во групната фаза од Лигата на шампионите и пред две недели го победи Манчестер Сити со 2:0. Направивме неколку добри работи во оваа пресметка, а двата примени гола беа повеќе резултат на нашите грешки отколку заслугите на ривалот што е разочарувачки, -вели италијанскиот стручњак кој воедно смета дека ситуацијата можела да биде поинаква ако ги имал сите играчи на располагање.

-Кога со ждрепката беше одлучено дека ќе играме со Јунајтед, бевме возбудени поради тоа. Сепак, тие ги имаа на располагање своите најсилни играчи. Се надевавме дека и ние ќе имаме комплетен тим во конкуренција. Ако можеме да ги внесеме Манџукиќ, Ребиќ или Леоа од клупата за резерви, можеби тоа ќе донесеше разлика, -заврши Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни