Поврзете се со нас

Свет

Петтиот пик на драфтот од 2014 година: Барселона доведе НБА засилување (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот кошаркарски прволигаш Барселона ги засили своите редови со петтиот пик на НБА драфтот од 2014 година, 26-годишниот Данте Егзум.

Каталонците во изминатиов период поради повреди останаа без Ник Калатес, Кори Хигинс и Алекс Абринес, па поради тоа одлучија да се активираат на трансфер пазарот каде постигнаа договор со Данте за соработка во наредните три месеци или поточно до крајот на февруари 2022 година.

Егзум од 2014 година играше во НБА лигата, беше избран на драфтот од Јута Џез како петти пик за да потоа биде дел и од Кливленд Кавалирс. Низ годините одигра 245 натпревари во најсилниот кошаркарски шампионат и имаше просек од 5,7 поени, 2,1 асистенции и 1,8 скока.

Со селекцијата на Австралија пак го освои бронзениот медал на ОИ во Токио, настан на кој одигра 6 мечеви со просек од 9 поени, 3,7 скокови и 2,8 асистнеции.

Данте е четвртиот Австралиец кој ќе го носи дресот на Барса, претходно тоа го направија Давид Андерсен, Џон Инглс и Нејтан Џаваи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни