Поврзете се со нас

Македонија

Петровиќ им даде шанса на сите играчи, МЗТ рутински го реши Куманово

Објавено

на

МЗТ Скопје продолжува да штеди сили и да реди лесни победи во домашното првенство, а тоа е многу важно во период во кој е максимално насочен кон случувањата во АБА лигата.

Македонскиот првак беше блиску до изненадување на гостувањето во Белград кај ФМП, но следниот меч против Мега е многу поважен и очекувањата се МЗТ да брка втора победа во регионалното натпреварување.

Пред да дојде до тој меч, „штрковите“ денеска рутински си ја завршија задачата во македонскиот шампионат, славејќи победа над Куманово од 86:72.

Тренерот Петровиќ имаше можност да ги измеша картите и да одмори дел од клучните играчи, а доказ за тоа е фактот што сите 12 играчи завршија со поени на денешниот натпревар.

Браќата Дамјан и Војдан Стојановски беа најпрецизни со 12 поени, а двоцифрени во победничкиот тим беа и Пандев и Мицовиќ со по 10 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни