Поврзете се со нас

Балкан

„Петка“ на Симиќ за Борац, Мекиќ најдобар асистент во победата на Задар

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Македонските репрезентативци, Теодор Симиќ и Адем Мекиќ се радуваа на победи со своите Борац Бања Лука и Задар во шампионатите на Босна и Херцеговина, односно Хрватска.

Тео и Борац беа подобри од Слобода со 83:66 во средба во која центарот за девет минути на паркетот уфрли пет поени со три скока. Ова за клубот кој е дел од АБА2 лигата беше 12 победа во 20 сезонски натпревар со што се израмни токму со Слобода на прволигашката табела.

Задар пак на Мекиќ го потврди статусот на фаворит и издвојуваше триумф над Шкрљево со 87:73 во рамките на 23. рунда во хрватската прва лига. Адем беше прв асистент во својот тим со шест додавања, а зад своето име додаде уште 5 поени, 8 скокови и 2 украдени топки.

Избраниците на Јусуп со учинок 21-2 се на првата позиција на табелата.

Кога се во прашање нашите интернационалци вредат да се забележат настапите со Американците со македонски пасош, па така Ти-Џеј Шортс уфрли 18 поени со 2 скока и 7 асистенции во славјето на Париз над Дижон, додека пак Итан Хап за Гран Канарија реализираше 7 поени со 6 скока и 5 асистенции во триумфот во пресметката со Сарагоса во АЦБ лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни