Поврзете се со нас

Свет

„Петка“ на Костески во шоуто на Плзен

Објавено

на

Актуелниот чешки ракометен шампион Талент Плзен оствари супер убедлива победа над Маломерице Брно од 41:15 во домашниот шампионат.

Самиот резултат покажува разлика во квалитет, поточно шоуто на домашните играчи кои во двете полувремиња реализираа по 20 и 21 гол.

Нашиот интернационалец Никола Костески беше автор на пет погодоци и две украден топки, додека најефикасен беше Чурчиќ со 13 голови.

Плзен има учинок од осум победи и едно реми или со вкупно 17 бода ќе го дочека соочувањето со Дукла Прага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни