Поврзете се со нас

Франција

Пет тима кои можат да го добијат потписот на Мбапе

Објавено

на

Килијан Мбапе одново со старо-нова приказна е во центарот на фудбалската јавност, односно повторно е ставена под знак прашање неговата иднина во Пари Сен Жермен.

Пред неколку месеци тој имаше можност да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч и сите информации говореа дека ќе го направи тој потег за да потоа се случи пресврт и се реши да стави потпис на нов договор до 2025 година.

По само неколку месеци од подадената рака, затворената зделка Мбапе е незадоволен и размислува за заминување во 2023 година. Наводно тој сака да си отиде од „Паркот на принцовите“ веќе во месец јануари, меѓутоа колку е тоа реално е друга приказна.

Французинот смета дека клубот не ги исполнил ветувањата, односно во моментов игра на позиција која не е идеална за него, па тоа го прави нервозен и покрај тоа што заработува голема сума на пари.

Од таборот на ПСЖ ги демантираа сите вести дека Килијан побарал трансфер, но медиумите и понатаму се држат до своите извори, па така британски „Сан“ посочи и пет дестинации каде напаѓачот може да заврши.

Четири од нив се од Премиер лигата, а една од Шпанија или поточно Реал Мадрид. Според „Сан“ во борбата за Мбапе се Ливерпул, Челси и двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни