Поврзете се со нас

АБА лига

Пет српски кошаркари казнети за местење натпревари, двајца добија доживотна суспензија

Објавено

на

Фото: FMP Meridian

Пет српски кошаркари добија казни од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), а причина се доказите дека учествувале во местење резултати на натпревари изминатиот период.

Најтешко поминаа Марко Радоњиќ и Стефан Шајин, кои се доживотно суспендирани и веќе немаат право да се вратат на кошаркарската сцена, додека уште тројца нивни сонародници се суспендирани на неколку години.

Љубомир Чампара е суспендиран до 2025 година, Александар Илкиќ до јуни 2028 година, додека најдолга е суспензијата за Никола Павловиќ, кој ќе може да и се врати на кошарката дури во 2031 година.

Најпознат во ова друштво е Радоњиќ, кој е меѓу двајцата доживотно суспендирани играчи, а тој во кариерата настапуваше за Војводина, Борац Чачак и ФМП, клуб каде беше капитен и со кој успешно настапуваше во АБА лигата.

Шајин најмногу сезони го носеше дресот на Војводина, но беше член и на Теодо Тиват, со кого играше во Балканската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни