Поврзете се со нас

Шпанија

Перез ги состана Бразилците во подтрибинскиот простор, па му испрати јасна порака на Ендрик (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Големото светско дерби меѓу Шпанија и Бразил привлече многу големо внимание во јавноста, без оглед на фактот што стануваше збор само за пријателската средба на „Сантијаго Бернабеу“.

Фудбалските фанови можеа да бидат задоволни од фудбалската претстава во која беа постигнати дури шест гола, а ремито од 3:3 подобро им дојде на Бразилците кои во најголем дел од мечот бркаа резултат.

Ендрик кој пред неколку дена го постигна својот премиерен гол за Бразил вчера постигна прв гол и во домот на „кралевите“, но бидејќи тоа ќе биде негова матична средина од претстојново лето, во подтрибинскиот простор бил пречекан од Флорентино Перез.

Претседателот на Реал ги состанл тројцата Бразилци и му испратил јасна порака на новиот талент кој веќе потпиша со Реал, меѓутоа си доби и сувенир бидејќи му го побара дресот на Родриго.

– Те чекаме тука, – гласи кратката порака која му ја испрати Флорентино на 17-годишното момче кое веќе блесна со својот неизмерен потенцијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни