Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер заглави во второто полувреме и загуби од Татабања

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа пораз од Татабања од 25-21 на денешното гостување во Унгарија во рамките на 9. коло од групната фаза во Европската лига.

Нашиот претставник не можеше да смета на неколку важни играчи на оваа средба и тоа се почувствува во второто полувреме во кое се повреди и Периќ. Првиот дел мина во изедначена игра и на пауза се замина со резултат 1-1.

Во вторите 30 минути исто се водеше голема борба, меѓутоа домаќините беа тие кои имаа порасположени играчи, го имаа и голманот Вишомирски кој им го отвори патот до третото славје во деветтиот натпревар во групата Д.

Сунајко со 8 гола беше прв стрелец кај побендикот, додека кај македонскиот вицешампион Мандалиниќ даде десет погодоци.

Клубот од Битола во последното коло ќе го пречека грчки АЕК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни