Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер доведе уште еден центар од Босна и Херцеговина (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Пелистер доведе уште еден интернационалец од Босна и Херцеговина за борба под кошевите во престојнава сезона.

Клубот од Битола пред неколку дена го ангажираше Недим Мустафица за да сега го добие потписот на 33-годишниот Сеад Хаџифејзовиќ. Хаџифејзовиќ е доста искусен играч кој во досегашната кариера освен во својата земја има настапувано во Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и Украина, односно треба да биде сериозна опција за тренерот Марјан Илиевски.

„Зелено-белите“ освен овие двајца ги ангажираа Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и  Карутерс и Овенс.

Пелистер во натпреварувачката 2022/2023 освен во домашните натпреварувања ќе игра и во АБА2 лигата.

Foto: faktor.ba

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни