Поврзете се со нас

Евролига

Партизан со „стотка“ го сруши Анадолу Ефес, падна „тврдината“ на Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Кошаркарите на Партизан ја прекинаа лошата серија на резултати во Евролигата и тоа со славје во пресметката со Анадолу Ефес со 100:90.

„Црно-белите“ одиграа ефикасен меч и кога е така е тешко да се дојде до позитивен резултат особено кога се игра во Белград. Само првиот период им припадна на гостите (20:17) по што на сцена стапија избраниците на Обрадовиќ кои во продолжението му одржаа лекција на противникот.

Аврамовиќ беше во прв план со 31 поен, најголема поддршка му беше Ледеј со 21 кош и 8 скокови за 40 минути на паркетот. Клајбурн и Плајс на спротивната страна искомбинираа 30 поени.

Лидерот Реал Мадрид го претрпе првиот пораз на домашен терен во оваа сезона и сега сите тимови лигата имаат барем по еден негативен резултат пред своите гледачи.

Панатинаикос беше клубот кој му зема мерка на актуелниот европски шампион (97:86) и тоа во дуел во кој Лесор блескаше со 26 поени, Слукас додаде 16, а Нан 17 поени.

Останати резултати:

Виртус Болоња-Валенсија 87:74

Алба Берлин-Макаби Тел Авив 71:106

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни