Поврзете се со нас

Евролига

Партизан ја забележа најубедливата победа, Реал ја доби битката на шампионите (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Партизан ја остварија најубедливата победа на вечерашните средби од 2. коло во Евролигата.

Актуелниот АБА шампион го прегази Асвел на негов терен со 88-62 и тоа во дуел во кој „црно-белите“ ги добија сите четири четвртини. Избраниците на Обрадовиќ беа решени да дојдат до првиот сезонски триумф во ова натпреварување, цел која ја остварија со доминатна, сигурна и квалитетна игра низ сите 40 минути.

Нанели со 17 поени беше прв стрелец, Ледеј уфрли 13 кошеви со 7 скока и 2 асистенции. Џексон со 16 кошеви беше најсветла точка кај францускиот прволигаш.

Реал Мадрид пак го уништи Анадолу Ефес со 103-80 во пресметката на двата последни шампиони во Евролигата. „Кралевите“ беа многу ефикасни, најрасположени за игра беа француските интернационалци Јабуселе и Козер кои искомбинираа 40 поени.

Ова за Ефес беше втор пораз во кој како поединец се истакна Томпсон со 20 кошеви.

На другите две битки, Басконија беше подобра од Алба Берлин со 91-86 и Панатинаикос во својот дом го доби Баерн Минхен со резултат 78-71.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни