Поврзете се со нас

Шпанија

Пари+играч: Челси и Барселона се договорија за Обамејанг, напаѓачот ќе слета на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Екипите на Челси и Барселона конечно пронајдоа решение, формула за трансферот на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Интернационалецот од Габон беше голема желба на тренерот Томас Тухел, а Барселона се реши да не му стои на патот со оглед на тоа што сега го има Роберт Левандовски, но и неколку други играчи кои можат да ја покријат таа позиција како Мемфис Депај, Ансу Фати и Феран Торес.

„Сините“ ќе платат 14 милиони евра, плус на „Камп Ноу“ ќе го испратат дефанзивецот Маркос Алонсо. Ова е информацијата која ја сподели секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо кој воедно пренесе дека африканецот ќе потпише двегодишен договор со опција за уште една сезона.

Со ова се затвора зделка во која двата клуба го добија она што го посакуваа со тоа што интересно е што Обамејанг е поранешен играч на Арсенал и сега се сели во градскиот ривал, додека Алонсо потекнува од школата на Реал Мадрид, но сега ќе игра за најголемиот противник на „кралевите“.

Се очекува каталонците да повлечат уште некој потег во завршните часови на преодниот рок, медиумите пренесуваат дека Ектор Белерин е многу блиску до кам-бек во клубот во кој ги имаше првите фудбалски чекори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни