Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев: Нѐ делат 90 минути од остварување на нашите соништа, убеден сум дека ќе ја победиме Грузија (ВИДЕО)

Објавено

на

Останува само уште еден ден до големото финале со Грузија, натпревар во Тбилиси кој може да не однесе на Европското првенство кое поради пандемијата со коронавирусот беше презакажано за 2021 година.

Ова е дуел за историја, дуел кој може да трае 90, 120 минути, па дури истиот да се решава на пенали, но оваа наша селекција предводена од Горан Пандев во изминативе години покажа дека може да ги надмине сите препреки и да дојде до посакуваната цел.

Поради тоа капитенот Пандев е оптимист и верува дека репрезентацијата владее тимски дух, хемија кој може да им овозможи остварување на соништата.

-Ние сме една голема фамилија. Сигурен сум дека ќе дадеме максимум. Нѐделат 90 минути од остварување на нашите соништа, -рече Гоче кој верува дека сме поквалитетни од Грузијците.

-Чекаме 30 години на оваа шанса. Имаме големи шанси, знаеме дека нема да биде лесен натпревар затоа што и они се во иста ситуација со исти очекувања. Ама сметам дека имаме поквалитетна репрезентација, треба само да останеме мирни, присебни, да не не понесат емоциите, да одиграме како што ќе се договориме и убеден сум дека ќе славиме над Грузија, -порача напаѓачот на Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни