Поврзете се со нас

Италија

Пандев конечно се огласи по опстанокот на Џенова и се изјасни за својата иднина (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев одново беше еден од клучните играчи на Џенова во критичниот дел од сезоанта, па откако во претходните неколку кола даде исклучително круцијални голови, вчера беше асистент на еден од погодоците со кои „црвено-сините“ обебзедија опстанок во елитата.

Џенова на домашен терен ја победи Верона со 3:0 и си загарантира уште една сезона во Серија А, па во ситуација кога Горан Пандев мирно ја чуваше во себе еуфоријата и се обидуваше да остане прибран и да не се истакнува пред медиумите, во текот на денешниот ден даде свој осврт за сето она што се случи во изминатиот период.

– Ова беше долга и тешка сезона. Фудбалот западна во втор план, се чинеше дека треба да се случи чудо за да се заврши сезоната. Животот продолжи напред и покрај многуте потешкотии.

– Ние сме сигурни на теренот, но не можеме да славиме. Среќен сум што играм за Џенова, среќен сум за опстанокот и се надевам дека срцата на фановите сега се поопуштени. Моето срце е „црвено-сино“ веќе долго време.

– Истото чука со надеж дека животот ќе почне нормално одново. Одиме напред и со самодоверба. Сезоната заврши, следната не чека. Сакам одново да ја доживеам љубовта од фановите, да ги слушнам нивните гласови, да го доживам туркањето од Мараси. Сите заедно…. Форца Џенова, – порача Пандев кој со последната порака најави дека ќе игра уште една сезона во Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни