Македонија
Панчев: Треба да ти е чест да играш за репрезентацијата, а не да кажуваш кој да биде селектор

Македононија ја очекува важен меч против Украина во квалификациите за Европското првенство, а пред истиот Фудбалската федерација на Македонија преку нивниот потпарол Златко Андоновски направи интервју со нашата легенда Дарко Панчев.
Панчев говореше отворено и во свој стил на различни теми, а меѓу истите имаше што да каже и порача за Стефан Ристовски иако директно не го спомена неговото име.
Ристовски се повлече од националниот тим по дебаклот од Англија на „Олд Трафорд“ поточно порача дека има одредени несогласувања со селекторот Благоја Милевски и поради тоа нема да настапува за селекцијата додека тој е на сегашната функција.
Според Панчев тоа е погрешен потег и играчите не треба да бараат смена на селекторот, односно треба да им е чест да играат за Македонија.
-Во периодот кога загубивме од Украина и Англија почнаа да се случуваат некои работи во соблекувалната, некои играчи почнаа да си дозволуваат да кажуваат кој да биде тренер, кој да не биде тренер, што не е добро. И јас сум бил играч, сум бил и капитен на репрезентација, но никогаш не сум си дозволил да ми падне на памет да им кажам на тие од федерација, абе знаеш кај сте го ставиле овој тренер, јас не играм додека тој е тука.
-Од каде им се тие идеи на играчите да го велат тоа, не разбирам. Ти си играч повикан и треба да ти е чест да играш за репрезентацијата. Таа репрезентација и тие настапи ти дозволиле да ги продолжуваш договорите во клубовите каде што играш, играњето за репрезентацијата носи тежина. Играчите треба тоа да го почитуваат, а не да се однесуваат така. Замислете сега, секој месец некој играч да кажува, не ми се допаѓа тренерот, дајте друг. Не може тоа така. Секој си има своја работа, во федерацијата има стручни луѓе кои размислуваат за тоа, а ти си тука играч и твое е да играш, -порача популарниот Кобра.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него