Поврзете се со нас

Свет

Олмо ја спаси Шпанија од голем срам во 92. минута, помош доби и од голманот Лорија (Видео)

Објавено

на

Шпанија се спаси од нов срам и стигна до првата победа во мундо квалификациите, откако денеска успеа да оствари победа на „Динамо арената“ во Тбилиси со гол постигна во судиското надополнување.

По разочарувачкото реми со Грција, тимот на Луис Енрике беше на прагот да претрпи уште поголем шок на гостувањето кај Грузија, селекција која имаше водство, но на крајот загуби со 1:2 на домашен терен.

Кварашкелија ги донесе домаќините во водство пред крајот на првиот дел и најави сензација, но сепак не дојде до такво нешто бидејќи Шпанците успеаја да реагираат.

Феран Торес израмни на 1:1 во 55-та минута, а во 92-та, Дани Олмо беше херој за „фуријата“, но со помош на голманот Лорија кој катастрофално реагираше и му дозволи на фаворитот да направи пресврт за први три бода на Светското првенство.

На останатите средби, Данска ја декласираше Моладавија со 8:0, а Англија ја победи Албанија на гостувањето со 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни