Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Олд Трафорд“ падна по којзнае кој пат, Атлетико Мадрид слави пласман во четвртфинале (Видео)

Објавено

на

Екипата на Атлетико Мадрид е патникот во четвртфиналето по денешниот дерби натпревар одигран на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

„Душекчиите“ со минимални 1:0 славеа на „театарот на соништата“, а творец на победата беше Ренан Лоди кој голот го постигна во првото полувреме.

На почетокот на натпреварот избраниците на Ралф Рангник беа подобар противник, но не успеаја да креираат многу шанси, освен една на Антони Еланга кој го погоди Јан Облак и не успеа да ја затресе мрежата.

Во вториот дел „ѓаволите“ имаа иницијатива, но се беше попусто затоа што четата на Чоло Симеоне го одбрани резултатот и се пласираше во следната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни