Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со бек од БиХ

Објавено

на

Македонскиот прволигаш ГРК Охрид ги засили своите редови со десниот бек Дејан Шешиќ.

Се заработи за интернационалец од Босна и Херцеговина кој во Охрид доаѓа од француски Анжер.

-Видов дека Охрид има добра и перспективна екипа која атакува на плејофот. Тука сум на сугестија на Бојаниќ кој ми кажа убави работи за ГРК Охрид. Лигата е интересна, се игра цврст ракомет и решив да ја променам средината, -порача Шешиќ кој бил на поширокиот список на сениорската репрезентација на БиХ, а претходно играл и за јуниорскиот национален состав во квалификациите за ЕП и СП.

Охрид по првите две кола во шампионатот има учинок од една победа и еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни