Поврзете се со нас

Македонија

Охрид е нерешлива енигма за Металург: Скопјани го положија оружјето во градот под Самоиловите тврдини

Објавено

на

Екипата на Охрид славеше голема победа на дерби пресметката во плеј-офот од  ракометната Суперлига против тимот на Металург.

Охриѓани во „Билјанини Извори“ беа подобри од фаворизираниот противник со резултат 27:26, а победата на домашниот тим ја донесе Денис Тот со гол постигнат во последната секунда од натпреварот.

Охриѓани одиграа одлично во првото полувреме на оваа средба кое го добија со 15:12, меѓутоа лошо го започнаа второто па при крајот на средбата имаа негатива во однос на тимот на Металург.

Сепак, пред самиот крај домаќините ја презедоа играта во свои раце и успеаја да дојдат до голема победа, втора по ред против Металург во последните две години. Интересно е тоа што на последните четири средби, Охрид само еднаш е поразен од фаворизираниот Металург, два пати ја добил меѓусебната пресметка, а еднаш натпреварот завршил без победник.

Најефикасен во таборот на Охрид беше Денис Тот со шест постигнати голови, додека по пет реализираа крилата Андоновски и Блажевски. Во Металург најрасположен за игра беше Стефан Додиќ кој постигна шест голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни