Поврзете се со нас

Шпанија

Официјални состави: Анчелоти ги измеша картите за „Ел Класико“, Чави направи едно изненадување (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

На еден час пред големото „Ел Класико“ дерби кое се игра на „Сантијаго Бернбаеу“ оваа вечер, Карло Анчелоти  и Чави Ернандес веќе не можеа да сокријат ништо од јавност, па така ги доставија официјалните состави со кои ќе излезат на големат пресметка.

Поради акумулираниот замор и малите повреди на неколку играчи, Карло Анчелоти ги измеша картите и внесе промени во почетните 11, а од стандардните во тимот ги нема бековите Карвахал и Менди.

На местото на Дани ќе игра Лукас Васкез како десен бек, додека Камавинга од средината е прекомандуван во одбраната и ќе игра како лев бек. Чуамени повторно му прави друштво на Ридигер како стопер, додека место во стартниот тим доби и Лука Модриќ кој во средината ќе игра со Валверде и Крос.

Во противничкиот табор, Чави Ернандес се одлучи само за едно големо изенадување, бидејќи во стартниот тим го нема Педри, а на негово место шанса доби Кристенсен кој ќе треба да внимава на опасните трензиции на „кралевите“.

Состави:

Реал Мадрид: Лунин, Васкез, Камавинга, Ридигер, Чуамени, Модриќ, Крос, Валверде, Белингам, Винисиус и Родриго

Барселона: Тер Штеген, Кунде, Кансело, Кубарси, Араухо, Кристенсен, Гундоган, Де Јонг, Јамал, Рафиња и Левандовски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни