Поврзете се со нас

Свет

Одлична партија на репрезентативец: Магдевски блесна во дресот на Донар Гронинген

Објавено

на

foto:www.facebook.com/donarbasketballgroningen/photos

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски имаше одлично издание во дресот на Донар Гронинген во БНХТ лигата и тоа против еден од најдобрите тимови во натпреварувањето Антверп Џајантс.

Плејмејкерот беше прв стрелец кај гостите со 15 поени на кои придодаде 2 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки, изнуди 6 фаули, односно дојде до 27 индексни поени со што беше втор најдобар играч на теренот од овој аспект зад Десонта Братфорд (28).

Единствената лоша вест за Андреј е тоа што неговиот тим не успеа да се избори за позитивен резултат, поточно загуби со 88-81.

Во следното коло Донар Гронинген го пречекува Лимбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни