Одбојка
Одбојкарите заиграа на повисоко ниво, но загубија и од Шпанија

Одбојарската репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз на четвртиот натпревар на Европското првенство.
Нашите одбојкари заиграа на повисоко ниво во однос на претходните натпревари, ама и тоа не се покажа како доволно за да се слави против Шпанија. „Црвената фурија“ се избори за триумф од 3-1 во сетови и со тоа ни го препушти фенерот во групата Ц на овој шампионат.
Првиот сет донесе изедначена борба во која решаваа нијанси за 25-23 за Шпанија за да во вториот ние одговориме со 25-21 за 1-1 во сетови.
Најжестоко беше во третиот „период“ во кој избраниците на Николиќ не искористија две сет топки при 24-22, а потоа и при 26-25. Шпанците не се откажаа и се изборија за триумф од 30-28 по што за нив беше многу полесно во остатокот во мечот.
Имено ние не закпренавме по шокот, противникот пак го искористи моментот и со 25-15 ја затвори оваа средба.
Капитенот Ѓоргиев со 26 поени беше прво име кај „спартанците“, кај побединикот исто толку имаше Виљена.
За нашата репрезентација сега останува уште еден предизвик во Тампере и тоа против фаворизираната Русија.
-
Германијапред 21 час
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 18 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 16 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 21 час
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Светпред 22 часа
Менаџерот на Абердин со препорака до селекторот Милевски: Тој треба да биде новата „9-ка“ на Македонија!