Меѓународни настани
Нурмагомедов играше фудбал со Сидорф, спринтот на познатиот УФЦ борец стана вирален хит (Видео)

Хабиб Нурмагомедов со последната борба во 2020-та година одлучи да стави крај на својата кариера, но како легендарен УФЦ борец и еден од најдобрите спортисти во историјата на боречките вештини, сега на јавноста и се прикажа и во едно поинакво светло.
Познатиот Дагестанец кој сите го знаеме по безмилосните удари и давењата во УФЦ рингот, сега се испроба и на зелениот фудаблски терен, а со една своја акција стана апсолутен хит на социјалните мрежи.
Нурмагомедов беше дел од ревијалниот натпревар во Дубаи од кој беше дел и легендарниот Кларенс Сидорф, легендарен фудбалер кој всушност бил омилен играч на таткото на Хабиб кој за жал во 2020-та година почина како последица на коронавирусот.
На социјалните мрежи се појавија доста голем број видеа од споменатиот меч, но во прв план се најде брзината на Хабиб при еден продор по левата страна, без оглед на тоа што противничкиот играч навреме реагираше.
Khabibs got 99 pace pic.twitter.com/ccWhMJcLF7
— ArtOfWar🗿🏝 (@TheArtOfWar6) January 10, 2021
Khabib & Clarence Seedorf enjoying some Calcio together 🥰
🎥 IG/cznburak pic.twitter.com/bN6Af9UzqN
— Italian Football TV (@IFTVofficial) January 11, 2021
-
Шпанијапред 21 час
Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига
-
Италијапред 17 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
АТПпред 17 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Шпанијапред 18 часа
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Италијапред 21 час
Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 11 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 18 часа
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати