Поврзете се со нас

Италија

Новото премиерлигашко засилување за Рома пристигна на медицински прегледи

Објавено

на

Жозе Мурињо ја оствари својата најважна цел во јануарскиот преоден рок, а тоа е ангажманот на Енсли Мејтланд-Најлс од Арсенал.

По пристигнувањето на Крис Смолинг и Тами Ејбрахам, Рома во иднина ќе смета и на Мејтланд-Најлс, откако италијанскиот клуб постигнал договор со Арсенал за заемот на играчот за врска до крајот на сезоната.

24-годишниот Мејтланд-Најлс денеска веќе пристигнал на лекарски прегледи во Рим, па наскоро ќе биде официзијализиран како нов член на „волчицата“.

Англискиот фудбалер има само 11 настапи сезонава во дресот на Арсенал, па затоа и решил што побргу да најде нова средина, во која може да очекува и поголема минутажа. Рома го убеди Арсенал, кој претходно не сакаше да му дозволи заминување во ривалскиот тим на Евертон.

По завршувањето на сезоната, двете страни ќе може да преговараат и за откупување на договорот, а во адаптацијата во Рим на Мејтланд-Најлс покрај Ејбрахам и Смолинг, ќе му помогне и неговиот поранешен соиграч Хенрик Мхитарјан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни