Поврзете се со нас

АТП

Нова промена во Франција, Ѓоковиќ конечно доби една добра вест

Објавено

на

Француските власти делуваат нависитна конфузно и постојано ги менуваат правилата кога се во прашање Ковид мерките, а најновите носат нова ситуација за светскиот рекет број еден.

Откако пред само три дена беше пренесено дека на Ролан Гарос нема да можат да настапат невакцинирани тенисери како што е Новак Ѓоковиќ, најновата промена кога брзо ќе стапи на сила носи една промена.

Имено, право за влез и настап на професионален турнир во Франција ќе имаат и играчи кои имаат прележано Ковид 19 во последните шест месеци, што во дадениот случај е одлична вест за Новак Ѓоковиќ.

Од цела сапуница која настана во Австралија и неговото депортирање од оваа земја, дознавме дека Србинот не е вакциниран и добивме одговор на прашањето кое беше голема мистерија, но позитивно за него е што најновото правило од Франција оди во негов прилог и може да настапи на Френч Опен дури и ако не го промени вакциналниот статус.

Судот во Австралија откри дека Новак добил позитивен тест на Ковид 19 на 16-ти декември, а бидејќи Ролан Гарос се игра во мај, тоа значи дека Ноле ќе влезе во кругот на тие шест месеци и ќе може слободно да влезе во Франција и да ја брани титулата во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни