Поврзете се со нас

Формула 1

Нов фасцинантен проект во Европа: Ф1 потврди нова трка за календарот во 2026. година (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Формула 1 се надоградува и се збогатува со нови патеки од година во година, а за две сезони отсега, големите фанови на „најбрзиот циркус“ во Шпанија ќе бидат побогати за уште една патека.

Градот Мадрид доби зелено светло за градење на нова модерна патека, по што Ф1 како организација денеска потврди дека од 2026-та година во календарот ќе има трка во шпанската престолнина.

Според најавите на Формула 1, трката ќе биде „полуградска“ и ќе има хибриден контекст, а според плановите, патеката ќе биде долга речиси 5,5 километри и ќе има 20 свиоци.

Ова е ударна вест од автомобилистчкиот свет во текот на денешниот ден, па сосема очекувано е тоа што шпанските медиуми со големо задоволство ја пренесоа оваа информација.

Со изјава за возбудливата најава се јави и првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали, кој потврди дека Мадрид добил десетгодишен договор за организирање на Ф1 трка.

– Навистина голема е весте дека Ф1 караванот ги зголемува своите апетити и се шири насекаде ширум светот. Во моменти кога се чинеше дека Европа не е подготвена за вакви инвестиции, Мадрид покажа дека тоа сепак не е така. Ни презентираа фасцинантен проект, истиот ќе биде изграден во наредниве две години и фановите ќе уживаат од 2026-та година, – вели Доменикали, кој додава дека договорот со Мадрид не значи автоматско прецртување на трката која се вози на Каталуња.

– За да се избегнат сите нејаснотии, тоа што го додаваме Мадрид не значи дека ја исклучуваме Барселона за во иднина. Имаме преговори и дискусии за тоа дали ќе продолжиме со Барселона и во иднина, трка која е на календарот од 1991-ва година, – додаде Доменикали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни