Поврзете се со нас

Светски првенства

Норвежаните направија глупост во клучен момент, Шпанија по невидена драма дојде до полуфинален билет на СП

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија ќе биде ривалот на Данска во полуфиналето на 28. Светско ракометна првенство.

„Црвената фурија“ во еден луд натпревар и по невидена драма која траеше 80 минути ја совлада Норвешка со 35-34. Скандинавците долго време нема да го заборават овој дуел во „Ерго Арена“ кој имаа шанса да го решат во основниот дел, меѓутоа направија голема глупост во последниот напад при резултат 25-24, иако имаа отворена шанса да нападнат, го загрозат голот на ривалот, тие тактизираа по што им беше одземена топката по што Шпанците преку брза контра која ја заврши Данил Душебајев се избори за 25-25 и дополнителни минути.

Се играа дури дополнителни 20 минути во кои четата на Рибера беше поуспешна за еден погодок и со тоа закажаа полуфинална пресметка со Данска која претходно ја уништа Унгарија со 40-23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни