Поврзете се со нас

Германија

Нојер направи грешка, па со дефанзивен лизгачки старт ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен се врати на победничките патеки со триумфот на гостувањето кај Унион Берлин со 2:5, средба на која беа постигнати седум гола, но на која можевме да видиме уште најмалку три.

Офанзивниот пристап од двата тима донесе многу шанси за гол и интересни ситуации пред двата гола, а покрај тоа што Мануел Нојер на двапати ја вадеше топката од својата мрежа, во еден момент самиот се стави во незгодна ситуација.

Голманот на Баерн имаше лоша проценка и ја промаши топката со рака, но потоа уште еднаш демонстрираше завидни дефанзивни квалитети надвор од шеснаесетникот.

Нојер во безброј наврати интервенирал во улога на стопер, но сега се истакна со еден лизагачки старт и самиот ја расчисти ситуацијата и ја поправи сопствената грешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни