Поврзете се со нас

Германија

Незаборавниот голман на баварците го нападна Брацо: Баерн купи играчи кои беа непотребни во други клубови

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Оливер Кан сериозно се најде на удар по сериозната криза која го зафати Баерн Минхен и се уште гласни се шпекулациите кои велат дека тој ќе си оди од клубот на крајот од сезоната, но тој не е единствениот кој добива критики од цела јавност во Германија.

Легендарниот Лотар Матеус посочи дека треба да се доведе во прашање и работата на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а во тој контекст оди и изјавата на незаборавниот голман на баварците, Сеп Мајер.

Чуварот на мрежата кој мина речиси две децении во дресот на Баерн ретко се огласува во јавноста, но 79-годишниот Сеп сега се јави преку „Кикер“ и нагласи дека клубот направи грешки со ангажмани на звучни имиња кои веќе биле истрошени.

Тука пред се ги посочи играчите кои предизвикаа голем скандал во соблекувалната на Баерн по поразот од Манчестер Сити, офанзивците Лерој Сане и Садио Мане.

– Минатата година се велеше дека Баерн добил суперзасилување во Мане, истото се велеше и за Сане претходно. Зарем некој верува дека Пеп Гвардиола ќе дозволи да си оди супер фудбалер за 50 милиони евра? Мислите дека Клоп ќе му дозволи да си оди на играч кој е незаменлив? Баерн повторно падна во замката, купи играчи кои веќе беа истрошени и непотребни на други места, – вели Мајер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни