Поврзете се со нас

Англија

Невил: Тој е единствениот начин Арсенал да ја освои Премиер лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Утре и задутре се игра 30. коло во англиската Премиер лига кое дефинитивно ќе мине во знакот на соочувањето на „Итихад“ меѓу Манчестер и Арсенал, два од трите тима кои водат жестата битка за трофејот.

„Топчиите“ ќе влезат во дуелот со еден бод повеќе во однос на шампионот што секако е уште еден фактор плус да гледаме атрактиве, борбен и непредвидлив меч до самиот крај.

Гери Невил како стручен аналитичар со нетрпение го очекува натпреварот за кој смета дека има поголемо значање за Арсенал, тим кој според него ќе мора да слави ако сака на крајот да ја освои, врати титулата во своите витрини.

-Арсенал мора да победи. Секогаш треба да мислите дека Сити ќе биде совршен. За жал, ние сме во моментот во сезоната каде што тие би можеле да триумфираат на осум натпревари во серија. Мислам дека Арсенал неможе тоа да го направи. Причината зошто велам дека мора да победат е затоа што не сум сигурен кој друг може да им одземе бодовите од Сити. Се разбира, тие би можеле да испуштат бодови, тоа е фудбал. Затоа мислам дека [неделата е] толку важна. Сити би бил разочаран со реми, но мислам дека за да им наштетам и имам целосната верба, мислам дека треба да ги победиш,-вели Гери и додава:

-Ова е убав меч за Арсенал. Во смисла… за нас е убава меч да го гледаме Арсенал, да размислуваме за фактот дека се враќате 12 месеци наназад, има директна паралела помеѓу минатата и оваа сезона. Секогаш велев на крајот на минатата сезона, кога се мачеа, сакав да ги видам повторно во таа ситуација против Сити, против големите тимови и да видам како ќе се справат со тоа.

-Мислам дека сите ние веројатно се чувствуваме исто. Ние сме многу посигурни дека Арсенал ќе се справи со овој натпревар подобро од минатата година. Ова е почеток на трката. Тоа е вистинското, тоа се случува сега. Недела, тоа е супер важен меч. Мислам дека овие игри понекогаш можат да означуваат или да создадат историја.

-Како Арсенал, ако победите во недела, ќе погледнете наназад на овој натпревар како одлучувачки момент. Не велам дека тоа е единствениот тест. Може да победите во недела, а потоа да изгубите три натпревари. Но, мислам дека тоа не би се случило. Мислам дека ако победите во неделата, самодовербата и вербата ќе бидат огромни, а Сити ќе биде раздрман.

-Ова е одлучувачка игра за тие играчи и менаџери. Тој треба да покаже и демонстрира дека може да живее со Клоп и Гвардиола и да се справи со овие големи моменти, -заклучи Гери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни