Лига на шампиони
Невидени сцени во ЛШ: Претрпе тежок пораз и доби отказ на теренот, фановите воодушевија со потегот (Видео)

Севилја претрпе тежок пораз на домашен терен од Борусија Дортмунд и го продолжи очајниот старт на сезоната во Ла Лига и Лигата на шампионите, но последниот неуспех направи да видиме невидени сцени на „Санчес Писхуан“.
Хуан Лопетеги заработи отказ на теренот веднаш по крајот на мечот и тоа му го стави до знаење спортскиот директор Мончи, но покрај лошата и неблагодарна вест, навивачите на Севилја се погрижија да видиме и убави и несекојдневни моменти.
Сите навивачи на Севилја во еден глас го извикуваа името и презимето на Хулен Лопетеги во знак на поддршка на тренерот, на кого очигледно повеќе му веруваат отколку на раководството на клубот.
Лопетеги со солзи во очите возврати на љубовта и се заблагодари за незаборавните три години кои ги мина во клубот, кој потоа објави вест за разделбата и преку социјалните мрежи.
Поранешниот шпански селектор успеа да се пласира во Лигата на шампионите во секоја сезона како тренер на Севилја, а најмногу ќе се памети по освоената титула во Лигата на Европа.
🚨 BREAKING 🚨
Julen Lopetegui has confirmed in a post-match interview that he will no longer be Sevilla manager tomorrow. #beINUCL #UCL pic.twitter.com/LbyU8FBLBR
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) October 5, 2022
🔴⚪️ La afición del Sevilla arropa ahora a Julen Lopetegui con cánticos y se vuelve contra el palco. pic.twitter.com/kPzqkcKng7
— Leandro Iglesias (@leandrosexta) October 5, 2022
ℹ️ Julen Lopetegui deja de ser entrenador del Sevilla FC.#WeareSevilla
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) October 5, 2022
-
Светпред 17 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
Шпанијапред 22 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Францијапред 13 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Светпред 15 часа
Реал го потврди статусот на фаворит и ќе се бори за пехарот на Светското клупско првенство (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Митревски блескаше и му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Братот на Меси жестоко ја нападна Барселона: Никој не ги знаеше пред Меси, тие се предавници
-
Англијапред 14 часа
Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)