Поврзете се со нас

АТП

Нестварна ситуација на Индијан Велс: Рој пчели го нападнаа Алкарас, четвртфиналето мораше да биде прекинато! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Четвртфиналето меѓу Карлос Алкарас и Александер Зверев ќе се памети по страшната игра на шпанскиот тенисер, но најмногу по необичниот и несекојдневен прекин до кој мораше да дојде на Индијан Велс.

Во самиот вовед на мечот кога на семафорот беше 1:1, главниот судија Лајани беше приморан да ја прекине пресметката меѓу двајцата одлични тенисери, а причина за тоа беше инвазијата на пчели на централниот терен.

Рој пчели го нападнаа Алкарас и главниот судија веднаш сфати дека ситуацијата може да стане опасна, па сите актери го напушти теренот и организаторот мораше да бара професионална помош.

Мечот беше во прекин речиси два часа и проблемот со пчелите го реши американскиот експерт за инсекти, Ленс Дејвис, а откако играчите се вратија и беа подготвени за игра, на теренот постоеше само еден тенисер.

Алкарас се прикажа во брутално издание и му препушти само три гејма на Зверев во останатиот дел од мечот, па со преубедливи 6:3 и 6:1 се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс, каде ќе гледаме вистински спектакл бидејќи Шпанецот оди на мегдан со Јаник Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни