Поврзете се со нас

Македонија

Несопирливиот Дибиров го наполни голот на Пелистер, Вардар оствари дерби победа во „Јане Сандански“

Објавено

на

Вардар го доби првото големо дерби против Еурофарм Пелистер во домашното првенство, со што му се реваншираше на големиот ривал од Битола за претрпениот пораз во Суперкупот.

Македонскиот првак ги отвори вратите за своите фанови и им овозможи бесплатен влез со цел да се создаде што подобра атмосфера во „Јане Сандански“, а тоа резултираше со силен притисок од трибините во моментите кога се кршеше резултатот.

Вардар го диктираше темпото во најголемиот дел од мечот, а иако Еурофарм доби шанса да дојде на само минус еден на пет минути пред крајот, избраните реакции во нападот се покажаа како кобни за гостите на денешното дерби.

Играчите на Вардар беа далеку помирни и посталожени во одлучувачките моменти и на крајот го искористија завршниот моментум за да остварат победа од 29:25, за која најзаслужен е искусниот Тимур Дибиров.

Извонредното руско крило постигна дури десет гола во мрежата на битолчани и се издвои како јунак за Вардар, а одлични во офанзивниот дел беа и Талески и Моралес кои имаа по пет реализации. На спротивната страна, по исто толку погодоци (5) постигнаа хрватските ракометари Кушан и Мандалиниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни