Поврзете се со нас

Италија

Несекојдневен гол: Ачерби го лобуваше Буфон со глава од 16 метри, Интер се намачи со Парма (Видео)

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон со страшен рефлекс и неверојатна одбрана го одведе осминафиналето во Копа Италија во дополнителни 30 минути игра, но сепак не можеше да ја спаси Парма и во продолжението.

Ветеранот кој на 28-ми јануари ќе полни 45 години изведе чудесна одбрана во 91-та минута и донесе продолженија на „Џузепе Меаца“ во дуелот меѓу Интер и Парма, но потоа прими гол кој беше навистина несекојдневен.

Парма ја делеа неколку минути од пласман во четвртфиналето на Копа Италија благодарение на голот на фантастичниот гол на Јуриќ од првото полувреме, но сепак првиот директен шут кон голот на Буфон заврши во мрежата.

Лаутаро Мартинез со многу среќа израмни на 1:1 во 88-та минута, а потоа Един Џеко беше стопиран од Буфон во 91-та минута.

Во продолжението, Парма одолеваше во првите 15 минути, но потоа стоперот Ачерби постигна необичен гол и го лобуваше Буфон со глава од 16 метри.

Буфон интервенираше по центаршутот на Димарко, но топката заврши на главата на Ачерби кој погоди хируршки прецизно за 2:1 и пласман на Интер во четвртфиналето.

Видеото од целиот меч погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни